Промоции

27 ноември, 2017

Промоција на нов албум и монографија на „Синтезис“

Македонската група „Синтезис“ ќе го промовира својот нов албум насловен „Остров“, но и монографијата „Синтезис – Патување низ музичкото време“Промоцијата е закажана за оваа среда, 29 ноември, во клуб-ресторанот во МКЦ, со почеток од 20 часот.

24129559_1275427835892460_5255786406528788518_n

„Остров“ е осми по ред албум на „Синтезис“. Снимен е во студиото „Подрумот“, продуценти се „Синтезис“ и Ангел Ќосев, а дизајнот е на Иван Дургутовски, додека издавач е „SJF Records“ (Скопскиот џез фестивал). Специјален гостин на албумот е Влатко Стефановски.

23843348_1275427119225865_6673728256488832536_n

Монографијата „Синтезис – Патување низ музичкото време“ ја одбележува 20-годишнината од постоењето на групата. Нејзин автор е Милан Банов. Подготовката и дизајнот се на Горан Атанасовски, а издавач „Интермедија“. За групата „Синтезис“ во монографијата пишуваат и Оливер Белопета, Михаил Ренџов, Владимир Мандичевски, Бранка Костиќ-Марковиќ, Венко Андоновски и Елени Новаковска.



Врати се горе ↑