Промоции ljubojna

25 декември, 2012

Промоција на „Ljubojna Brass Fantasy“

Групата Љубојна кани на промоција на својот најнов албум насловен „Ljubojna Brass Fantasy“. Во духот на средоземно-морската култура и со љубов, Љубојна се посветува на македонската егејска музика, откривајќи ја и доближувајќи ја големината на една пребогата и раскошна музика до слушателот.

Не за да ја обнови традицијата, туку за да го разбуди она што сите ние го носиме во себе, а тоа е „гола“, радосна музика. „Ljubojna Brass Fantasy“ ја носи токму таа возбуда и ќе ве воздигне да танцувате по звукот на егејската труба. На албумот се сместени седум нови композиции. Новиот албум на Љубојна е издаден под етикетата на Центар за култура – Битола и BZC (Бајро закон корпорејшн).

Промоцијата ќе се одржи на 26-ти декември (среда) во ресторанот Пелистер (поранешен Дал Мет Фу), со почеток во 12 часот.



Врати се горе ↑