Промоции pokana slika

2 јуни, 2015

Промоција на „Кругот на животот“ на Јован Илиески

Клубот „Матица“ со промоција за талентираниот и млад автор кој остава без здив

Јован Илиески е млад и талентиран автор на ново ремек-дело кое Ве остава во неизвесност до последниот збор. „Кругот на животот “ е новата книга на Јован, чија промоција ќе се случува утре, 3 јуни во 19 часот во Средното музичко училиште „Тодор Скалоски- Тетоец“.

Читателите оваа книга освен што ќе ја засакаат, ќе најдат и одговори на многу прашања за животот. Станува збор за животен психолошки роман кој е огледало на животот во целина. Роман кој ја преточува смислата на животот во смислата на љубовта.

„И кој рекол дека светот е голем? Таа можеше да го прегрне со две раце“.

„Кругот на животот“ оставa без здив затоа што е книга во која се случува обработка на неколку животи од еднаш, испреплетени приказни, чудесен крај, голема неизвесност и интригантност. Овој роман е и психолошка драма. Сите ликови наизменично се главни ликови затоа што приказната се врти помеѓу сите.

Локација: Средното музичко училиште „Тодор Скалоски- Тетоец“.

Време: 19 часот

Датум: 03.06.2015 (среда)



Врати се горе ↑