Промоции books1

15 октомври, 2015

Промоција на книга од Никола Кочовски

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ од Скопје на 16 октомври 2015 во 12 часот ќе се одржи промоција на романот „Академија“ од Никола Кочовски. Промотивна реч за делото ќе одржи поетот и литературен критичар Панде Манојлов.

Никола Кочовски живее и твори во Битола. Автор е на дваесетина прозни дела, публикувани во изминатите педесет години.



Врати се горе ↑