Настани макÑ-имум рокенрол

15 мај, 2015

Промоција на фанзинот „Максимум рокенрол“ во културнот центар „Кула“‏

Интернационалниот фанзин „Максимум рокенрол“ организира промотивен настан за покренување на свесноста на андергрунд заедницата. Со почеток во 13 часот, на 16 мај (сабота) во дворот на „Кула“ ќе имате можност да вкусите веганска храна и да се дружите со дистро изданијата на познатите имиња од панк-рок сцената. По попладневното матине ќе можете да ги проследите концертните настапи на скопските бендови „Лајтмотив“, „Суртуклер“ и „Арлекин“. Вашата поддршка за андерграунд сцената ќе можете да ја дадете со донација за платформата „Максимум рокенрол“.

„Максимум рокенрол“ е широко распространет фанзин кој ја покрива интернационалната сцена на панк и гаражен рокенрол од 1977 година. Својата мрежа на влијание ја врши преку дејноста на списанија, радио емисии и издавачка куќа. Волонтерската екипа на „Максимум рокенрол“ ја промовира и информира панк-рок сцената веќе долги години, а воедно ги задржува вредностите на андерграунд панкот со тоа што останува независна и нeпрофитабилна.

Настанот цели кон поддршка на DIY (направи сам) сцената, а воедно е манифест на приврзаниците на алтернативната сцена. За таа цел членовите на „Кула“ и „Храна, а не оружје“ ќе готват во духот на веганската кујна, а за сите љубители на плочи, цедеа, касети, маици и торби ќе бидат поставени неколку штандови со изданија на Deny rec. , Coffee Mug BookingSixtynine Records, и многу други. Настанот ќе затвори во 19 часот со свирка на три актуелни панк-рок бендови (Лајтмотив, Арлекин и Суртуклер) кои ќе настапат за поддршка на „Максимум рокенрол“.

 



Врати се горе ↑