Промоции blagoj-nacoski

26 декември, 2013

Промоција на ЦД од камерниот оркестар Скопски солисти

Утре (27-ми декември), во Културно Информативниот Центар во Скопје со почеток од 12 часот ќе се одржи промоција на новиот компакт диск на камерниот оркестар Скопски солисти со изведбите во живо од Божиќниот концерт одржан на 8-ми јануари годинава, на кој како солисти настапија нашиот тенор со светска слава, Благој Нацоски, италијанската оперска дива Марчела Орсати Таламанка (сопра), која настапува и за Миланската скала, а под водство на извондредниот диригент Алесандро д’Агостини од Италија.



Врати се горе ↑