Промоции

15 октомври, 2018

Промоција на албумот на новиот бенд на Тони Китановски

Вечерва, во арт-кафе „Менада“, со почеток во 20 и 30 часот ќе се одржи промоција на албумот „Big City Scare“ на „Панда 5“ (Panda 5), новиот состав на Тони Китановски, соопшти Скопскиот џез-фестивал. Бендот е во состав на Тони Китановски – гитара, Кирил Кузманов – алт-саксофон, Трајче Велков – труба, Кирил Туфекџиевски – контрабас и Виктор Филиповски – тапани.

„Big City Scare“ содржи 7 композиции. Снимен е, миксан и продуциран од страна на Ален Хаџи-Стефанов. Дизајнот на обвивката е на Иван Петрушевски. Премиерната концертна изведба на албумот ќе се случи в недела (21.10.), во рамките на 37. Скопски џез-фестивал. „Big City Scare“ е 42. издание на „SJF Records“.

Извор: Макфакс



Врати се горе ↑