Промоции fin_project_album_beats_ornaments

10 февруари, 2013

Промоција на албум на Fin Project

На 13-ти февруари (среда) во ресторанот Пелистер (поранешен Дал Мет Фу), со почеток од 12 часот ќе се одржи промоција на новиот албум на Fin Project, насловен „Beats & Ornaments/Inside Macedonia“. Авторот на проектот Никола Стојковски во албумот низ мотивите на македонската традиционална музика во современи електронски аранжмани ни носи еден нов пристап кон македонската музика.

На албумот како гости се пјавуваат Даниел Маневски на кавал, Боби Серафимовски на гитара, и како вокали Елена Христова и Теа Богатинова.

Извор: Cooltura



Врати се горе ↑