Промоции 1390615_10151853410651448_1354448872_n

15 декември, 2013

Промоција на албум и 20 години ТОТАЛНО ОПУШТАЊЕ!

Тотално Опуштање слави 20-годишен јубилеј со објавување на нов албум и два промотивни концерти! Легендарните тотално опуштени момци слават дваесет години од постоењето на нивниот музички состав, А во слободно време е нивниот најнов, петти по ред албум!

Албумот е снимен во Студио кај Трајче во музичка продукција на Дарко Поповски Блуз, а официјално ќе биде промовиран во рамките на 3 јавни настани:

– роденденска прослава во кафе барот Браво во Скопје, на 15-ти декември 2013 (недела) со почеток во 20.00
– радио концерт на Канал 103 на 22-ри декември2013 (недела) со почеток во 22.00
– промотивен концерт во МКЦ – бифе Фросина, 27-ми декември 2013 со почеток во 21.00

Дигиталното издание на албумот е веќе достапно за бесплатно преземање на овој линк.

 



Врати се горе ↑