Настани FLG21

19 јуни, 2015

Промо влезници од 400 денари за Фед Ле Гранд на „Грин бич фестивал“

„Грин бич фестивал“ (Green Beach Festival) продолжува да ги носи најактуелните светски диџеј имиња и годинава листата ја надополнуваме со уште еден престижен артист – Фед Ле Гранд. Досега, „Грин бич фестивал“ беше домаќин на  Армин Ван Бурен, Пол Ван Дајк, Карл Кокс, Џон Дигвид, Фери Корстен, Роџер Санчез

Почнуваат среќните денови на „Грин бич фестивал“! Во продажба се пуштени ограничен број влезници по цена од 400 денари! Понудата ќе трае десетина дена, а вие не го пропуштајте „кој рано рани” билетот за адреналинската сензација рамна на денс фестивалите во Мајами, Ибица или Миконос.

Годинашната ѕвезда на „Грин бич фестивал“, Фед Ле Гранд, соработуваше со Мадона, продуцираше многу култни траки, го стресе светот со „Put Your Hands Up 4 Detroit“ и што уште не. Токму тој ни доаѓа на плажата Парк во Охрид на 31 јули, петок.

Годинава фестивалот е засилен со супериорно озвучување и визуелно искуство креирано по стандардите на најголемите светски денс журки, а вие подгответе се за танц на најжешкиот подиум под отворено небо во Македонија летово!

Врзете ги појасите, Фед Ле Гранд доаѓа на „Грин бич фестивал“!

Екстра промотивните билети неколку дена ќе ги има во мрежата на МкТикетс низ цела Македонија. А, чисто за споредба, некои цени за настапите на Фед Ле Гранд од денс центрите на светската мапа, на кои шеста година се наоѓа и Плажа Парк во Охрид.

Sensation Amsterdam – 83 eur
Foxtail club (Las Vegas) – 30 eur
Love Fest (Србија) – 20 eur
Untold (Романија) – 90 eur

Карти за „Грин бич фестивал“



Врати се горе ↑