Концерт 1208748_557194004339235_807460630_n

6 септември, 2013

Промо карти за Ману Чао до 8-ми септември

Утре, 7-ми септември, стартува балканската турнеја на МАНУ ЧАО *Ла Вентура*, која своето финале ќе го има во Скопје, на 21-ви септември. Единаесет години по еден од најдобрите концерти кои некогаш се одржале кај нас, Ману Чао се враќа на истата локација, Скопско лизгалиште.  Ова ќе биде третата средба на Ману Чао и публиката со која негува посебна љубов и поврзаност, а сите фанови на легендарниот музички револуционер ги известуваме дека остануваат само уште неколку дена за промо влезниците за овој концерт.

Имено, првата промотивна цена на влезниците која изнесува 450 денари, ќе важи само до недела (8-ми септември). Веќе од понеделник (9-ти септември) цената во претпродажба ќе биде 600 денари и ќе важи сѐ до денот на концертот кога картите ќе се продаваат по полната цена од 750 денари.

Влезниците за концертот на Ману Чао Ла Вентура во Скопје се во ограничен број, а можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс:

• Продажните салони на ONE (Скопје – Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall; Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија); продажните салони на Office Plus.

• Скопје: Југотон (ГТЦ, прв кат), Кафе Браво, Кафе Круг – Аеродром, Цвеќара Розе, Камарад

• Низ Македонија: ЗиЗи Топ – Охрид, Хард Рок – Битола, Агора – Куманово, Амнезија – Тетово, Комисион Шишко – Кочани;

• Онлајн на овој линк.

Побарувачката на влезниците за овој концерт е голема, а продажбата се одвива со брзо темпо, поради што ги советуваме сите оние кои не сакаат да го пропуштат концертот за паметење, на време да го осигураат своето присуство. Дополнителна причина за големиот интерес кој концертот во Скопје го предизвикува и кај публиката надвор од Македонија, е најниската цена на влезниците кај нас, додека за сите останати концерти во рамки на балканската турнеја истите чинат 25 евра.

Среќата повторно се враќа на Балканот! Ману Чао со успешната формула Ла Вентура (Маџид на гитара, Филип Тебул на тапани и Гамбит на бас гитара), повторно подготвува концерт со незаборавна атмосфера и целовечерна позитивна и разиграна енергија. На концертот во Скопје, како музичка поддршка ќе се придружат и два одлични бендови кои ќе ја загреат публиката пред Ману Чао да ја преземе сцената. Станува збор за најперспективниот македонски даб/реге/хардкор бенд Конкеринг Лајон и енергичниот балкан-џипси панк состав Баилдса. Почетокот на концертот во Скопје е закажан во 21:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 20:00 часот.



Врати се горе ↑