Свет eurovision2013_malmo_bid

12 март, 2013

Промена на правилата за Евросонг: подеднакво важни и публиката и жирито

Од оваа година, победникот на Евровизија ќе се одбира по нови правила. Од сега секоја песна ќе биде бодувана, а поради измените, изведувачите ќе треба подеднакво да се борат за наклонетоста и на жири комисијата и на публиката, а сето тоа ќе резултира со намалено влијание на “комшиското“ гласање.

До минатата година праксата беше врз основа на мислењето на стручното жири, а одвоено и гласовите на публиката, бодовите да се доделуваат само за 10-те најдобри песни, односно врз основа на мислењето на жирито, најдобрите десет композиции ги добиваа бодовите 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12. Истата процедура се повторуваше и врз основа на гласовите на публиката. Композицијата која би добила најмногу бодови (како збир од жирито и од публиката) би добила 12 поени.

Од оваа година, жирито врз основа на своето мислење ќе ги рангира сите песни (освен оние од својата држава) од најдобрите (редно место 1) до најлошите (редно место 25). Истата процедура ќе се повтори и за гласовите на публиката. Редните места потоа ќе се собираат и 12 поени ќе добие песната со најголем збир.

На пример, бидејќи во финалето ќе се натпреваруваат 26 песни, секој член од жирито на секоја песна ќе додели оцена од 1-26, односно 1 поен за песната која најмалку ја вреднува, па сè до 26 поени за песната која најмногу му се допаѓа. Земајќи ги во предвид гласовите на публиката, со овој систем на гласање ќе се постигне тоа што онаа песна која во просек добива најмногу поени да биде повисоко рангирана од оние кои добиваат максимални поени од публиката.

Уште еден начин на објаснување е следниот: Ако една композиција од жирито добие 26 поени (максимален број на бодови), а од публиката на пример 1 поен, тоа се вкупно 27 поени. Меѓутоа, песната која и кај жирито и кај публиката ќе биде средно вреднувана (пример, 11-то или 13-то место), вкупно ќе добие повеќе поени (15+15=30), со што добива шанса подобро да се пласира во конечниот редослед.

Сепак, и покрај овие измени, нема да се менува системот на доделувањето на конечниот збир на поедни од 1 до 12 (за првите десет рангирани според новиот систем). Овој прилично конфузен начин на гласање ќе се применува и во двете полуфинални вечери и во финалето на Евровизија, која ќе се одржува од 14-18 мај во Малме, Шведска.

Извор: esctoday.com/24sata.rs

 

 



Врати се горе ↑