Настани 225225_10200224366624886_490069741_n1-620x350

14 март, 2013

Промена на местото на настапот на ГМС

Градот е подготвен за вистинскиот транс-спектакл кој се случува вo сабота и на кој ГМС имаат мисија да го вратат урбаниот пулс на Скопје. Поради технички причини и поради времетраењето на настанот кој беше планирано да трае до подоцна, журката ке биде преместена во КЛУБ КОЛОСЕУМ!!! Сè друго од организациски аспект останува исто.

Според организаторот на настанот, на журката се најавени гости од Бугарија, Косово, Србија и од Грција.

ГМС во Скопје, ќе пристигнат в петок, а од „Sun production“ велат дека момците немаат посебни барања, освен желбата да го посетат Кокино. За нашата опсерваторија слушнале многу одамна и уште при првиот контакт со организаторите побарале таму да одат, утрото после журката во дискотеката Колосеум.

ГМС ќе ни понудат да уживаме во вистинска музичка транс-сензација, а ние ним, можност да уживаат на Кокино. Договорени сме да одиме таму, веднаш по забавата, односно во недела наутро. Подготовките за настанот веќе се при крај. Можеме слободно да најавиме најдобар RCF Sound System, спектакуларно ласер-шоу, како и 3D визуелни анимации“ – вели Даре од Продукција Сонце.

Пионерите со срушени рекорди на слушаност и настапи во историјата на психоделичниот транс – ГМС во сабота на 16-ти март доаѓаат во Скопје, а стартот на урбаниот хепенинг е во 23:00 часот. Влезниците се веќе во претпродажба по супер промотивна цена од 300 денари во „Југотон“ и дистрибутивната мрежа на МК Тикетс ширум државата.



Врати се горе ↑