Настани tdfu kapan an 23-05-15

22 мај, 2015

Пролетна „TRAP DA F*CK UP“ журка

На 23 мај (сабота) во дворот на „Капан ан“ ќе се одржи пролетното издание на „Trap Da F*ck Up“. „TRAP DA F*CK UP е серијал на забави на кој се презентира најсвежото од светот на трап музиката. Овој колектив создаден од артистите „Аномалиа натива“ (Anomalia Nativa), диџеј Ајри Скреч (DJ Irie Scratch), „Бејс инфјужн“ (Bass Infusion) и виџеј Мутер (VJ Muter) го привлече вниманието на јавноста со одличните журки кои ги обединија фановите на трап звукот и љубителите на добрата забава.

Овој пат местото на настанот е дворот во „Капан ан“ во Старата чаршија во Скопје. Подгответе се за 5-часовно шоу и забава до раните утрински часови. Почетокот на настанот е закажан за полноќ, а влезот чини 200 денари. Секој посетител при самиот влез ќе добие и нови пролетни „trap da f*ck up“ стикери.

 



Врати се горе ↑