Програма за „Free Zone Festival“ во општина Аеродром
Иноватива Груп заврши со подготовките за фестивалот „Free Zone“ кој ќе се одржи по втор пат во општина Аеродром. Потстетуваме дека слободната фестивалска зона оваа година ќе се случи на 7 септември (недела), со почеток во 20.00 часот, под мостот Близнак на кејот во Ново Лисиче.
За сите посетители, фестивалот ќе трае сè до 05.00 часот наутро и како и минатата, така и оваа година влезот е бесплатен и отворен за сите. Во продолжение го објавуваме распоредот на артисти и времето кога ќе настапат:
диџеј Че од 20.00 до 21.00 часот – хип-хоп
Future INC од 21.00 до 22.30 часот – Tech & Progressive House
Марко Логаут од 22.30 до 00.30 часот – поп/рок
БОРА ЧОРБА од 00.30 до 02.30 часот – рок
диџеј НИК КАПА од 02.30 до 05.00 часот – денс
Слободната фестивалска зона ја отвораме во недела!