Македонија 400750_523531634370707_1665545311_n

17 мај, 2013

Проектот „Сите наши песни“ започнува на 24-ти мај на МРТ

Пред извесно време Македонската Радио Телевизија ја започна потрагата по талентирани вокали кои ќе имаат можност да учествуваат во новиот музички проект „Сите наши песни“. Аудициите се одвиваа во голем број на градови ширум државата, а шоуто ќе започне да се емитува на 24-ти мај. Потрагата по нови македонски музички ѕвезди започнува со натпревар на млади пејачки таленти од 2 града, во секоја емисија, по што следат други два града. Потоа ќе се спроведе систем нa елиминација и пласман во четврт финале, полуфинале и финале. Елиминацијата на екипите ќе се врши според гласовите на стручното жири составено од еминентни имиња од македонската музичка сцена.

Повеќе информации можете да најдете на фејсбук страницата за „Сите наши песни“.

 



Врати се горе ↑