Концерт 940848_874721735960069_8156551113303613413_n

5 февруари, 2016

„Проџект Орфеус“ ќе го отворат четвртиот „Земјотрес“ во МКЦ

Со настап на групата „Проџект Орфеус“ (Project Orpheus), утревечер со почеток од 21 часот во МКЦ официјално ќе биде означен почетокот на 4. издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес“.

Основач на бендот е Давид Димовски – автор, вокал и акустична гитара, а покрај него на сцената на МКЦ ќе ги видиме Александар Ванчовски (тапани), Мартин Јосифоски (бас гитара), Виктор Филиповски (перкусии), Иван Петровски (електрична гитара и тамбура), Неврус Бајрам (електрична гитара), Владимир Крстев (виолина), Стефана Марковиќ (флејта), Оливер Настовски (ут, тамбура, кавал и гајда) и Ивица Јанкуловски (саунд инженер).

Групата минатата година го доби својот официјален канал на платформата Виво, на Јутјуб, каде што е достапен нивниот нов проект, „Shaping The Static“, албум снимен во живо, кој според зборовите на самиот автор, Давид Димовски, претставува концептуална изведба со тематски континуитет,  ни отсликува еден богат, фиктивен наратив, поставен помеѓу апстрактни околности, чии интерпретации се адаптибилни и често диктирани од страна на индивидуалната имагинација на самиот толкувач.

 

„Земјотрес“ е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Покрај „Проџект Орфеус“, меѓу изведувачите утревечер ќе се најдат и диџеј Гоце Саф, „Фајтинг уиндмилс“, „Фанк шуи“, Горан Кан, „Џун“, „Новиот почеток“, „Пи-ем-џи колектив“, „Стестат“, Мирко Попов, „Смат“, „Спенк“, „Телемама“, „Гаврнмент“ и други.

Влезот за фестивалот е 100 денари, а почетокот е во 19 часот.



Врати се горе ↑