Македонија dk

3 јуни, 2014

Продукцијата на „X Factor“ го игнорира Кајмакоски

По победата на првото регионално издание на натпреварот X Factor, Кајмакоски неодамна ја објави својата прва песна, односно дуетот со неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ. Но, за разлика од останатите натпреварувачи чии песни редовно се промовирани на официјалните профили на X Factor Adria, оваа песна воопшто не се најде на нивните страници.

Српскиот магазин „Ало“ денеска објави дека продукцијата на натпреварот сè уште не му ја исплатила наградата на Кајмакоски: „Покрај тоа што не му ги исплатија парите и не обезбедија песна, не го поддржаа ни дуетот со Жељко, односно не го рекламираа на нивните официјални профили на социјалните мрежи. Од друга страна, ја објавија песната на Кристина Ковач и Доктори, што го разлути Даниел“, изјавил извор за магазинот.

Кајмакоски со задоцнување го доби и автомобилот „Мини Купер“ кој беше дел од наградата, а свеченото доделување се случи непосредно по бројните објави од медиумите дека победникот сè уште не добил ништо од ветеното.



Врати се горе ↑