Видео

25 април, 2018

Продуцент од Шведска му направи нов летен хит на Тајзи

Македонскиот пејач Тајзи, периодов направи нешто на кое би му подзавиделе и светските ѕвезди – во само две недели промовираше три нови песни: Мој живот, моја ствар“, дуетот со Викторија Лоба – „Каде сме ние“, а денеска ја промовира и најновата тема „Параноја“, која излезе на каналот на продукцијата „Балкатон“ од Србија.

Се работи за песна на македонски јазик и е вистински весел летен хит, кој го продуцираше Александар Иван Миличевиќ, млад и талентиран продуцент кој е роден и работи во Шведска. Во иднина Тајзи најавува уште соработки со продуценти од Шведска, бидејќи моментално тие се едни од најактуелните на светската музичка сцена.

Мастерот е на Роберт Билбилов, со кој Драган Величковски Тајзи веќе најави повеќе проекти, како и песна на англиски.  Видеото е во режија на Тајзи и Илија Жоговски, а спотот е снимен на Кокино, Мермерно езеро, како и уште неколку локации низ Македонија.

Од продукцијата „Балкатон“ најавуваат многу настапи низ земјата и регионот и велат дека соработката со Драган Величковски Тајзи е само почеток на нешто поголемо кое следува во иднина. Во продолжение  погледнете го новото видео на Тајзи, кој поставува нови граници за тоа како еден артист треба да работи ако сака успех и кариера!



Врати се горе ↑