Настани etika_artists

17 јули, 2013

Продолжуваат промо забавите за Етика Фестивал‏

По успешниот почеток, промотивните забави за Етика фестивалот продолжуваат и овој викенд на уште десетина нови локации низ Македонија. Вечерва диџеј Гоце настапува во кафе Пијано во Битола, а утре заедно со диџеите Чваре и Страјк и раперот ЛД Пистолеро се во летниот клуб Сектор 909.

Во петок Флудер и Андреј Мицајков се во Гравити во Кичево, диџеј Чваре во Дел Тасо во Битола, а диџеј Гоце во Кадмо во Охрид.

Во сабота Флудер и Андреј Мицајков продолжуваат во Републик во Тетово, диџеј Гоце е во Маф Маф во Струмица, Чваре во Битола на Базените, а Александар Мискоски и Мачки на дневна забава на третата плажа во Градиште – Џангл.

Етика фестивалот ќе се одржи на 3-ти август на плажата Парк во Охрид на кој ќе настапат 20-тина македонски артисти кои ќе покажат дека знаат да направат добра забава, како и прескапите меинстрим диџеи кои се појавуваат секое лето на истата бина во Охрид.



Врати се горе ↑