Концерт

17 април, 2019

„Продиџи трибјут бенд“ на 11 мај во „Борис Трајковски“

На 11 мај (сабота) во малата сала во ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе има неколкучасовно специјално аудио и визуелно шоу на еден од најдобрите трибјут-бендови во живо во Европа – „THE PRODIGY LIVE TRIBUTE BAND“.

„Се работи за навистина сериозен проект. Тоа не се ’дечки’ кои пуштаат матрици, туку сериозен и искусен состав кој го краси фактот што сите песни ги свират во живо без матрици и семплови, па затоа звучат неверојатно енергично… Одличен систем на озвучување (JBL Line Array Sound System), најдоброто светло, големо ласерско шоу, лед-екрани и многу повеќе…“, стои во најавата за настанот, а влезниците по промотивна цена од 400 денари се веќе пуштени во претпродажба во „1/2 Југотон“ и низ продажните места на „Купи карти за сè“ низ целата земја, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Настанот е во организација на продукцијата „Сан“ (Sun Production) и е со почеток од 20.30 часот.

 



Врати се горе ↑