Настани ImageProxy

24 мај, 2014

Продиџи и други ѕвезди на Егзит апелираат за помош на Србија, Босна и Хрватска

EXIT фондацијата ја започна акцијата EXIT Aid за собирање помош за загрозените во страотните поплави во Србија, Босна и Хрватска. EXIT Aid повикот за помош упатен е до сите поранешни и сегашни изведвачи на EXIT фестивал, со молба да го постават повикот на своите социјални мрежи и на тој начин да ја споделат оваа информација со своите обожаватели. Меѓу последните во низата од EXIT изведувачи кои пружија поддршка на луѓето загрозени во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска е и бендот The Prodigy, кои во четвртокот на својот Твитер профил ја објавија поддршката за овие земји, повикувајќи ги луѓето да останат силни (линк 1 и линк 2).

Поддршка на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска пружија и ѕвездите на „Фјужн“ бината, Ејжан Даб Фаундејшн (Asian Dub Foundation) (линк), на својот официјален Фејсбук профил, со напомена дека на Балканот ситуацијата е тешка и дека многумина останаа без своите домови и се наоѓаат во неволја, повикувајќи ги сите кои можат, да учествуваат во помошта. Големите љубители на балканскиот народ, рускиот бенд Aркона (Аrkona) (линк), овогодишните ѕвезди на „Експлозив“ бината, им порачаа на загрозените земји дека се со нив и ги замолија фановите за поддршка.

Кон апелот за помош на жртвите во овие три земји се придружија и Горгон Сити (Gorgon City), ѕвездите на X-Bass програмата на главната бина на фестивалот (линк). Изминатите денови на својот Твитер профил Aфроџек (Afrojack) (линкги повика своите фанови да пружат помош на Србија. Истиот ден реагираше и Дабфајр (Dubfire) од диџеј тандемот Дип Диш (Deep Dish) (линк), кои оваа година се ѕвезди на „Денс Арена“ на EXIT.

На овогодишните изведувачи им се придружи и Сајмон Ле Бон (Simon Le Bon) (линк), фронтменот на хедлајнерите на EXIT фестивал од 2012. година, Дјуран Дјуран (Duran Duran), истакнувајќи дека е неопходно да се реагира што поскоро.

#EXITAid е програма на EXIT фондацијата за поддршка на најзагрозените во поплавите кои ги погодија Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. EXIT фондацијата, во рамките на програмата EXITAid до сега собра помош во вредност од 30.000 евра, а со поддршка на пријателите, компанијата ВОДАВОДА, обезбедени се 100.000 литри флаширана вода за пиење за загрозените подрачја.

Програмата #EXITAid и понатаму продолжува и ги повикува сите кои се во можност да се приклучат на акцијата! Повеќе на www.exitfest.org/en/exitaid.



Врати се горе ↑