11 мај, 2016

„Продиџи“ главни ѕвезди на првото издание на „Охрид колинг“!

Еден од највозбудливите и најатрактивни лајв бендови во светската музичка индустрија на сите времиња, „Продиџи“ (The Prodigy) за првпат ќе има свој концерт на отворено во Македонија, на 14 август, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, соопштија од „Авалон продукција“. На првото издание на „Охрид колинг“ (Ohrid Calling) oчекуваме Охрид да биде „нападнат“ од околу 15 илјади посетители од Македонија и од регионот, на настапот на навистина еден најомилените бендови на македонската публика на сите времиња.

13139299_163650757366455_7102608125703776588_n

„Продиџи“ доаѓаат во Македонија во зенитот на својата кариера, кога тие се огромен скоро стадионски бенд, хедлајнери на речиси сите европски и светски фестивали, и тоа една година по излегувањето на нивниот последен албум „The Day Is My Enemy“, кој четврти пат по ред бендот го освои првото место на британската топ листа на албуми.

 

Бендот има продадено над 25 милиони албуми, а нивните спектакуларни концерти се препознатливи по нивната неверојатна еуфорија. Тие се пробија на музичката сцена со сингловите од вториот и третиот албум „Music for the Jilted Generation“ и „Fat Of the Land“, од кои излегоа мегахитовите „Vodoo People“, „No Good (Start the Dance)“, „Firestarter“, „Breathe“, „Smack my bitch up“, „One Love“, „Poison“

Како што деновииве тие најавија, за момците од „Продиџи“ можно е ова да биде дури нивна последна турнеја, а ова беше можеби и последна можност да ги донесеме во Македонија, велат од „Авалон“. Влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (16 мај) точно во 9 часот, а сите детали околу влезниците ќе бидат објавени во петок во 19 часот.



Врати се горе ↑