Концерт hitportal-beyonce2

9 февруари, 2013

Продадени повеќе од 3000 влезници за концертот на Бијонсе во Белград

За помалку од три часа, откако се појавија во претпродажба, продадени се околу 3000 влезници за концертот на Бијонсе кој ќе се одржи на 15-ти април во белградската Комбанк Арена, со кој таа ќе ја започне нејзината светска турнеја насловена „The Mrs. Carter Show World Tour“.

Посебните категории VIP Experience и B stage се веќе распродадени преку официјалниот сајт на Бијонсе, а голем број влезници се купени од странство, соопштиле вчера од Комбанк арената. Ова ќе биде најамбициозна и најголема нејзина турнеја до сега. Влезниците од вчера се во претпродажба на повеќе продажни места во Србија, како и на страната www.eventim.rs

На сите продажни места на CS Eventim во Србија и странство влезниците ќе можат да се набават од понеделник, 11-ти февруари. Цените во српски динари се: 2 700 (ниво 400 III категорија), 3 900 (ниво 400 II категорија), 4 500 (ниво 400 I категорија и партер), 5 500 (ниво 200 II категорија) и 5 900 динари (ниво 200 I категорија).

На концертот на Бијонсе, Комбанк арената за прв пат ќе има две бини. Огромната продукција подразбира главна бина која ќе биде на источната страна и помала бина со кружен облик на западната страна. Во рамките на помалата бина ќе има места за седење, а влезниците за овие места се водат под категоријата VIP Experience и беа во ограничен број. Категоријата B stage се влезници за посебни места за стоење веднаш до главната бина од левата и десната страна. И овој број на влезници исто така беше ограничен.

VIP Experience и B stage не подразбираат сликање со Бијонсе, нагласија организаторите, и не постои категорија на влезници кои го овозможуваат тоа, како ни фан пит.

Извор: Mondo.rs


Врати се горе ↑