Балкан Beograd, 22.12.2012 - Prljavo Kazaliste nakon 26 godina nastupilo u Beogradu

24 декември, 2012

Прљаво Казалиште одржаа концерт во Белград

После 26 години, хрватскиот бенд Прљаво Казалиште одржаа концерт во српската престолнина на 22-ри декемви во преполната Комбанк Арена. Настанот го отвоти составот Радио Луксембург кој го следи хрватскиот бенд во текот на сите нивни настапи во изминатиот период. Младите загрепчани храбро го започнаа настапот и во четириесеттина минути ги претставија песните од нивниот прв албум, како и некои нови нумери кои ќе се најдат на нивниот нов албум.

Неколку минути по 21 часот, по интересниот вовед на концертот, на сцената се појавија и членовите на Прљаво Казалиште. Со првите две нумери кои ги претстави бендот, расположението на публиката малку спласна, не очекувајќи толку неубедлив почеток. Изборот на песни кои ги изведуваа беше составен од самите фанови по пат на гласање на социјалната мрежа Фејсбук, па како што се редеа големите хитови од осудесеттите, атмосферата сè повеќе се загреваше, а кулминацијата беше достигната со нивниот безвременски хит „Црно Бјели Свјет“, за која позицијата на вокал ја зазеде нивниот долгогодишен соработник Даворин Боговиќ кој предизвика хистерија кај присутните.

Главниот впечаток од овој концерт е дека сепак тремата ги совлада главните актери, кои иако звучеа професионално, не може да се каже дека ова беше нивното најдобро претставување пред белградската публика.

 Фото: Јутарњи Лист



Врати се горе ↑