Македонија

22 јули, 2019

„Признавам, не можам без тебе“: Маријана и Росана повторно заедно

Сестрите – близначки Маријана и Росана во 80-тите години беа едни од најпопуларните македонски пејачки. По заминувањето на Маријана во Австралија, каде и денес живее, Росана продолжи соло, но овој пат во фолк-водите каде исто толку беше успешна во 90-ите, за потоа преку ноќ да ја снема и буквално „да исчезне“ од естрадата.

Неодамна се слушнаа гласини за нејзино враќање, кои ги потврди и самата Росана, дека снима нова песна во студиото кај Александар Митевски, која е забавна, како што самата ќе каже, шлагер од кој „боли глава“!

Се крчка нешто нешто ново, боли глава од убавина. Прекрасен шлагер и врвен професионалец, Александар Митевски. Со песната ќе одиме на… Малку нека ве копка“,  вели Росана.

Se krcka nesto novooooo….boli glava od ubavina ….prekrasen slager so vrven profesionalec Aleksandar Mitevski….so pesnata ke odime na ……???? Malku neka ve kopkaaaa….Blagodaram Aleksandar

Gepostet von Rosana Saric Todorovska am Montag, 17. Juni 2019

 

И секако дека „нè копкаше“, сè додека не го видовме нејзиното име на списокот со изведувачи за годинашното издание на популарниот фестивал, каде што со сестра си Маријана го отпеа евергринот „Признавам“… Е сега нè копка дали легендарното дуо повторно ќе се појави заедно на „Макфест“, бидејќи Маријана деновиве пристигна во Македонија.

Средбата на двете близначки емотивна, исполнета со среќа и љубов, каква што не може да се опише. Туѓината пуста да остане, ама затоа пак радоста е голема како Австралија кога одново ќе се сретнеме. Вака отприлика би можело да се опише новото видување, новата средба на двете сестри, кои животната судбина ги раздели да живеат илјадници километри далеку една од друга, во две разделени тела споени во една душа.

Fantasticno pominat den na Matka…..pesterata…so mojata dusa

Gepostet von Rosana Saric Todorovska am Sonntag, 21. Juli 2019

 

Летните горештини во Скопје се неподносливи, па затоа сестрите решија викендот да го минат во природа, во околината на главниот град, разгледувајќи ги и уживајќи во убавините на Матка. Прошетка со кајче по езерото, одмор покрај Треска, разгледување на пештерата „Врело“, и размена на мноштво муабети, евоцирање спомени и дузина заеднички фотографии!

Од сето тоа можеби ќе се изроди и нова, овојпат заедничка песна, како оној, легендарниот макфестовски евергрин! Зашто каде и да е едната, една без друга се како половина душа… А, цело е само кога двете близначки се заедно. Впрочем, одамна самите испејаа: „Признавам, не можам без тебе…!“

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑