8 октомври, 2017

„Притимач“ продолжуваат со „Teacher“

Новата тинејџерска сензација што ја создаде Сајмон Кауел, групата „Притимач“ (Prettymuch) летово дебитираше на музичката сцена со хитот „Would You Mind“, кој е одлично навраќање кон деведесеттите, а се чини дека момците продолжуваат во иста насока и со својот втор сингл насловен „Teacher“, чија продукција ја потпишува шведскиот хитмејкер Илја Салманзаде (Аријана Гранде, Тејлор Свифт).

Потенцијалниот хит стигна заедно со разиграно видео, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑