Настани qotsa

20 февруари, 2014

Пристигнуваат гитарите! Доаѓаат Queens of the Stone Age!

Едно од најважните рок имиња на денешницата, бендот, проектот, концептот и ставот, КВИНС ОФ Д СТОУН ЕЈЏ доаѓаат во јуни во Србија! Велат дека 11-ти јуни е одличен ден за рок’ен’рол. Поради тоа на овој датум ЕГЗИТ ја покрена идејата за нов еднодневен рок фестивал со Квинс оф д Стоун Ејџ како хедлајнери, со што ќе започне големата летна ЕГЗИТ АВАНТУРА, која со ова го добива и својот осми ден. И тоа не е сè – најверните фанови на ЕГЗИТ фестивал, ќе имаат можност да го одберат градот во Србија во кој ќе биде одржан овој фестивал!

Составот кој го предводи музичарот, мултиинструменталистот, музичкиот продуцент и dirty rock гуруто Џош Хом (Josh Homme), ќе го претстави својот последен албум „…Like Clockwork” објавен во јуни 2013. Ова е шести по ред студиски албум на бендот, кој публиката, но и критиката одлично го прифатија, за што најдобар доказ е првото место на Billboard 200 листата на најдобри албуми во САД, но иноминацијата за две Греми награди, помеѓу другото и за најдобар рок албум.

Листата на соработници на албумот е импозантна: Сер Елтон Џон,  фронтменот на Најн Инч Неилс, Трент Резнор, Марк Ланиген, Ник Оливиери, фронтменот на Арктик Манкис, Алекс Тарнер, Џејк Шиарс од Сизор Систер, како и старите добри пријатели на бендот, Дејв Грол (Нирвана, Фу Фајтерс). QOTSA познати се по соработките со релевантни музичари, а најскорешниот пример е настапот на супергрупата составена од Најн Инч Неилс, Квинс оф д Стоун Ејџ, Дејв Грол и Линдзи Бакингем од Флитвуд Мек, која ги затвори овогодинешните Греми награди кревајќи голема прашина и контроверзии.

Мрсниот рокенрол звук на составот QOTSA на музичката сцена доминира веќе седумнаесет години, од 1997. кога го основа Џош Хом, една од највлијателните личности во рок музиката, еден од основачите на култниот состав Кајус (Kyuss) и член на бендовите Иглс оф Дет Метал (Eagles Of Death Metal) и Дем Крукед Валчрс (Them Crooked Vultures) (со Дејв Грол и Џон Пол Џонс од Лед Цепелин). Составот до сега освои многубројни признанија од публиката и критиката и шест пати е номиниран за Греми наградата.

Следете го официјалниот сајт на ЕГЗИТ фестивал, www.exitfest.org, како и официјалната фејсбук страница на ЕГЗИТ и бидете во тек со сите свежи информации за новиот фестивал. Оваа година им нема крај на изненадувањата! Подгответе се за незаборавно лето, време е за ЕГЗИТ АВАНТУРАТА!



Врати се горе ↑