Аудио article_big_1360101091prince

6 февруари, 2013

Принс објави уште една нова песна

Откако по тригодишна пауза се врати на музичката сцена, во ноември го објави видео записот за песната „Rock Аnd Roll Love Affair“, Принс продолжи да објавува нови материјали, но сè уште нема никаква најава за нов албум. Пред извесно време ja објави и првата официјална песна насловена „Screwdriver“, а деновиве стигна уште еден новитет. Станува збор за нумерата „Breakfast Can Wait“, со која пејачот продолжува со неговата „официјалн0-неофицијална“ динамика на објавување на нови материјали. И оваа нумера се појави на „фантомскиот“ ЈуТјуб канал  3rd Eye Girl, на којшто се појавуваат ретки или необјавени снимки од него, а истите набрзо се отстранувани. Не е јасно која е целта, но се надеваме дека наскоро мистеријата ќе престане и ќе се дознае нешто официјално. Во продолжение преслушајте ја новата песна, со надеж дека линкот сè уште е важечки…

 Извор: Spin/MTV



Врати се горе ↑