Македонија vsUEW3A

11 јуни, 2015

Прилепчаните „Сирилик“ со ремикс на макфестовската „Денот да е убав“ од Сара Мејс

Електронското дуо „Сирилик“ (Cyrillic) во својот состав ги има младите и талентирани Андреј Иваноски и Бојан Иваноски (Dj Afro). Почетоците ги бележи во 2014 година, кога двајцата решаваат да ги здружат своите сили и искуство за да ја споделат со светот својата пасија кон електронската музика. Препознатливи се по нивниот уникатен стил и енергични сетови. Продуцираат своја авторска музика и доста цврсто и ветувачки се движат кон остварување на нивната цел (како што кажува и самото име на групата), да бидат преродбеници во ширењето на „писменоста“ во поглед на разбирањето и прифаќањето на овој вид музика на овие простори.

„Сирилик“ деновиве го претставија своето најново музичко парче, односно ремикс на темата „Денот да е убав“ од Сара Мејс, давајќи му нова димензија на нејзиниот сингл, со кој пејачката се натпреваруваше на минатогодишниот „Макфест“.

 

Покрај овај ремикс, дуото од Прилеп има издадено и ремикс на „Bang La Decks – Zouka (Cyrillic remix)“, при што неуморно работи на продукциски план, а наскоро се очекуваат уште неколку нови траки.

facebook.com/cyrillicmk

soundcloud.com/cyrillicmk



Врати се горе ↑