16 март, 2017

Прилепчаните „Хај старт“ дебитираат со „Слободен“

Прилепскиот рок состав „Хај старт“ (High Start) го претстави својот прв сингл, кој го носи насловот „Слободен“ и е вистинско освежување на македонската рок сцена. Музиката на „Слободен“ ја потпишуваат самите членови на бендот, а текстот е дело на Весна Малинова – Бабамова, додека за видеото, каде што главната улога му припадна на актерот Димитар Ѓоргиевски, се погрижи Христијан Конески.

„Инспирирани од гневот предизвикан од моменталната состојба во нашата држава, направивме 4-минутно парче уметност“, велат членовите на бендот за своето првенче, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, „Хај старт“ е петчлена група основана во 2014 година, а ја сочинуваат Петар Киселоски, Христијан Ристески, Дејан Трајкоски, Александар Шилоски и Филип Јездиќ.

13006595_807981649307432_733989135200852104_n (1)



Врати се горе ↑