За Вас 1486852_616159028505234_1311826464098654274_n

24 декември, 2014

Пријавете се за втората сезона на „Х фактор“!

Започна пријавувањето за втората сезона на регионалното издание на натпреварот „Х фактор“, а по повлекувањето на продукцијата „МКБ“, овој пат проектот ќе го реализира продукцијата „ЦЛМ“. Како што беше најавено, покрај Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, сега ќе можат да се пријавуваат и кандидати од Хрватска, а кај нас емисиите повторно ќе се емитуваат на телевизија „Сител“. Во првата сезона жирито го сочинуваа Жељко Јоксимовиќ, Кики Лесендриќ, Емина Јаховиќ и Кристина Ковач, а веќе се шпекулира дека дел од втората сезона ќе бидат пејачките Северина и Јелена Карлеуша.

Доколку сакате да бидете дел од најпопуларниот музички натпревар во светот и да го повторите успехот на Даниел Кајмакоски, еве што треба да направите за да се пријавите:

1: Испратете СМС порака со текст X2 (празно место) вашето ИME И ПРЕЗИМЕ на бројот 14722. Цената за една порака изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ.

2.Кликнете на официјалната Фејсбук фан страница и во приватна порака испратете ги следниве податоци:

  • Име и презиме
  • Пол
  • Ваша фотографија
  • Држава и град (место) каде што живеете
  • Занимање
  • Датум на раѓање
  • Мобилен телефон
  • Контакт телефон
  • Наведете имиња и изведувачи на 5 нумери кои сакате да ги изведете на аудицијата.
  • Дали сте учествувале во некое музичко натпреварување или телевизиска програма?
  • Ако сте учествувале, наведете каде сте биле и кога.

НАПОМЕНА: Право на учество имаат сите кандидати од Македонија со наполнети 14 години.



Врати се горе ↑