Балкан VlatkoOmis

22 јануари, 2013

Пријавете се за „Omiš Guitar Fest“!

Четвртиот по ред интернационален фестивал од натрпеварувачки и ревијален карактер кој е посветен на гитарата, под слоганот „Гитарата е живот, а животот е на Омиш Гитар фест“, ќе се одржи во Омиш (Хрватска) од 18-20 април годинава.

„Во изминатите три години од постоењето на Омиш гитар фест, фестивалот стана еден од најголемите фестивали за гитара во регионот според бројот на натпреварувачи. Иако е сместен во малото питорескно гратче Омиш и се одржува вон туристичката сезона, со квалитетот на понудената програма секоја година успева да собере преку 200 натпреварувачи од целиот свет, како и водечките имиња од регионот“ – вели Нено Мунитиќ, директор на фестивалот, потсетувајќи дека во програмата до сега учествувале Влатко Стефановски, Зеле Липовача, Дамјан Пејчиноски, Мурис Варјиќ, Драџиани, Карло Маркионе, Давид Ѓаков, Ансамл Лаурум и многу други. 

Фестивалот се состои од неколку посебни целини. Првите денови од фестивалот се концепциски посветени на електричната и акустичната гитара, каде што со натпреварување се одвива и придружна програма, мастер клас, како и предавање и изложби на инструменти и придружна опрема. Минатата година за прв пат беше организирана и модна ревија на гитари, каде што атрактивни манекени и манекенки ги претставуваа најновите модели на гитари од разли произведувачи.

Заинтересираните гитаристи можат да се пријават на веб страницата на фестивалот www.omisguitarfest.com, и тоа во следните категории: класична гитара, електрична гитара, акустична гитара и глас, композиција за класична гитара, композиција за електрична гитара и air guitar.

Покрај натпреварувачкиот дел, организаторите ќе подготват интересна ревијална програма за која наскоро ќе се дознаат повеќе информации, како и награди за најдобрите. 

„Топло им препорачувам на сите кои се во можност да го посетат овој настан. На колегите им советувам да не ги пропуштат пријавувањата и да дојдат таму каде што сите нас нè интересира истото, да се дружиме и правиме музика заедно.“ – изјавил минатогодишниот победнил Младен Пецовиќ.

 



Врати се горе ↑