Балкан IA9thV-b

17 март, 2015

Пријавете се за 49. издание на „Гитаријадата“ во Заечар

Започнаа подготовките за 49. издание на „Гитаријадата“ во Заечар, а распишан е и конкурсот на кој можат да се привјават сите демо бендови од подрачјето на југоисточна Европа, кои немаат објавено комерцијално издание. Пријавите за учество на конкурсот се пополнуваат исклучиво по електронски пат, односно со пополнување на електронските обрасци на официјалната веб страна на Гитаријадата: www.gitarijada.org.

Со пријавата задолжително се праќаат и: снимки од две авторски композиции во времетраење до 10 минути (mp3/wma/acc), текстови на композициите на мајчин или англиски јазик, список со членовите на бендот и контакти, куса биографија, контактна листа и фотографија од бендот (jpg). Бендовите имаат обврска во пријавата посебно да ги означат композициите кои ќе бидат објавени на „Јутјуб“ каналот на Гитаријадата. Конкурсот е официјално отворен од 15.03.2015 година во 00.00 часот, а ќе се затвори на 22.05.2015 година во 24 часот. Непотполните, ненавремените и пријавите кои не се пополнети согласно правилата и условите на конкурсот, нема да бидат земени предвид. Официјалната листа на валидно пријавени бендови ќе биде објавена на 24.05.2015 година на официјалната веб страна на фестивалот.

Според одлуката на стручното жири, од вкупниот број пријавени бендови кои ги исполнуваат условите на конкурсот, во завршната програма на фестивалот ќе се пласираат вкупно 12 бендови. Врз основа на гласовите од публиката, во завршната програма ќе се пласираат уште два бенда со најголем број освоени гласови. Онлајн гласањето преку официјалната веб страна www.gitarijada.org започнува на 25.05.2015 година во 00.00 часот, а ќе трае заклучно до 03.06.2015 година во 24 часот. Одлуката на стручното жири и резултатите од гласањето на публиката ќе бидат објавени на прес-конференција на 04.06.2015 година.

Стручно жири за 49. Гитаријада:

Бранимир Локнер, рок критичар и публицист (СР); Игор Полак, претставник на ХХФ (ХР); Игор Башин, новинар, музичар и публицист, (СЛО); Драгутин Матошевиќ, новинар (БиХ); Панта Џамбазоски, новинар и рок критичар (MK); Васко Громков, фестивал „Силата на рок“ (БГ); Драгиша Радуловиќ, менаџер за односи со јавноста  (СР); Ненад Кузмиќ, музички уредник на „Радио Белград 202“ (СР) и Mарко Ранѓеловиќ, установа „Гитаријада Заечар“ (СР).

Сите бендови кои ќе се пласираат во завршната програма на 49. Гитаријада, се стекнуваат со право на учество на Рок Академијата, која ќе се одржи во Заечар од 25-29 јули 2015 година. Трошоците за превоз, сместување и исхрана додека трае Рок Академијата и завршната програма на фестивалот ги сноси организаторот. Завршната програма на 49. Гитаријада ќе се одржува во Заечар од 30 јули до 1 август 2015 година.

Награди на 49. Гитаријада:

Победник според стручното жири – (снимање, издавање на албум и поддршка за односи со јавноста)

Победник од подрачјето на Република Србија – (снимање, издавање на албум и поддршка за односи со јавноста)

Победник според гласовите на публиката – (снимање видео запис и поддршка за односи со јавноста)

Минатогодишните победници штотуку го објавија својот прв албум и започнуваат на турнеја ширум регионот. Меѓу македонските бендови кои учествувале на овој фестивал се Визија“, „Смоук шејкерс“ и други. Сите бендови кои сакаат да се пријават за учество на најстариот рок фестивал во Европа, тоа можат да го направат со пополнување на електронската пријава на овој линк.

 



Врати се горе ↑