Балкан iks-faktor

17 јули, 2013

Пријавете се на „X Factor“!

Оваа есен во регионот ќе започне да се емитува една од најпопуларните музички емисии во светот X Factor, која ќе се емитува во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во Македонија. На официјалната Фејсбук страница на X factor Adria беше претставена и листата на градови во кои ќе се одржат аудициите, а тоа се : Белград, Нови Сад, Ниш, Будва, Бања Лука, Сараево и Скопје. Предаудициите во сите градови ќе траат по еден ден, освен во Белград каде што ќе траат три дена. Првата е закажана за 20-ти август во Будва, последната ќе се одржи на 2-ри септември, а потоа ќе следи снимањето на аудициите. Точните термини ќе бидат објавени наскоро.

Кандидатите кои ќе одат понатаму, од 6-ти септември ќе ги снимат своите аудиции во студиото на телевизијата Пинк. По аудициите, натпреварувачите се делат во четири групи: на секоја од нив им припаѓа по еден ментор, односно член од жирито. Следната рунда на натпреварување ќе биде во куќите на менторите – кандидатите кои ќе ја поминат и оваа фаза ќе продолжат и во последниот круг од X Factor, а тоа се емисиите во живо од кои секоја недела ќе испаѓа по еден натпреварувач.

Сите кои се заинтересирани да се пријават на X Factor, тоа можат да го направат со пополнување на пријавата на следниот линкили да испратат СМС порака на бројот  141391 со следната содржина:

X_име и презиме_години_град_солист/група (цена на СМС – 41,30 денари)

Првата епизода ќе се емитува на 14-ти октомври, а емисиите во живо ќе започнат од 19-ти ноември. X Factor во Македонија ќе се емитува на телевизијата „Сител“.

Кои ќе бидат судии?

Иако српските медиуми на големо шпекулираа околу имињата на судиите, за сега не е познато кои ѕвезди ќе седнат на четирите столчиња. Наводно потврдено е само учеството на Северина, а продукцијата е во преговори и со други ѕвезди од регионот. Повеќе детали околу жири комисијата ќе се дознаат наскоро.



Врати се горе ↑