Настани 1981744_653923998023874_5829925113020211245_n

18 јуни, 2014

Пријавете се на првиот Дурекс турнир во одбојка

Светскиот бренд Дурекс Ве поканува да се пријавите на првиот турнир во одбојка кој го организира на Градската плажа во Скопје, за викендот на 5 и 6 јули. Доколку имате натпреварувачки дух, сакате да запознаете нови луѓе и да се забавувате, Дурекс овозможува за сите млади ентузијасти да ги измерат силите во одбојка на песок.

Ова е прв спортски турнир организиран од Дурекс во Македонија. Се надеваме дека одбојкарскиот турнир ќе прерасне во традиција. Со турнирот сакаме преку спорт и забава да ја поттикнеме свесноста кај младите луѓе за заштитата од сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА. Очекуваме да се пријават голем број на млади, кои ќе се натпреваруваат на Градската плажа во Скопје и можат да освојат дел од вредните награди”, изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд, Генерален дистрибутер на Дурекс во Македонија.

За да учествувате на турнирот потребно е да ги исполнувате следните критериуми: да имате повеќе од 16 години, да имате желба да се натпреварувате во одбојка на плажа и имате уште 3 пријатели со иста желба за да оформите тим. Вашите податоци, име, презиме и контакт телефон испратете ги на Фејсбук страницата на Дурекс Македонија, www.facebook.com/DurexMakedonija најдоцна до 25 јуни.

Секој од пријавените тимови ќе добие име на некој од продуктите на Дурекс, како и брендирани маици. За најдобрите, следуваат награди: таблети, фотоапарати, MP3 плеери, Дурекс производи и останати изненадувања.



Врати се горе ↑