Балкан den d festival

28 август, 2013

Пријавете се на фестивалот „Ден Д“ во Белград

Првиот натпреварувачки фестивал за перспективни поп и рок изведувачи „Ден Д“ кој е посветен на музичарот Милан Делчиќ Делчу, ќе се одржи во сабота, 14-ти септември во Белград, во организација на градската општина Чукарица и промотерската куќа Long Play.

Фестивалот ќе започне со свечено откривање на спомен плочата на куќата во Кошутњак, во која Делчу живеел и творел, а музичката програма ќе се одвива од 18 до 22 часот на сцена на отворено, сместена на улица Шчербинова која се надоврзува на платото „Шољица“ на улица Пожешка во Чукарица (Белград).

Конкурсот за учество на „Ден Д“ е отворен од вчера (27.8) и можат да се пријават поп и рок бендови и изведувачи од Србија и регионот, без оглед на тоа дали до сега имале официјално или интернет издание, а сметаат дека не добиле вистинска можност да се претстават пред јавноста.

За да се пријавите на овој фестивал потребни Ви се снимки од две авторски песни, фотографија и кратка биографија на бендот, а сето тоа да се испрати на елетронската адреса kzm@cukarica.rs најдоцна до 10-ти септември.  Потоа стручното жири ќе одлучи кои бендови ќе настапат на 14-ти септември на фестивалот „Ден Д“. Трите најдобри изведувачи ги очекуваат награди во вредност од 25 000, 15 000 и 10 000 (српски) динари.

Водител на програмата ќе биде Дејан Цукиќ (поранешен член на Булевар и Бајага и Инструктори), а во ревијалниот дел ќе настапи бендот The Dibidus.

Милан Делчиќ  Делча (1960-2011)

Милан Делчиќ Делча бил мултимедијален уметник – драматург, писател, изведувач, пејач на групата У шкрипцу, кој со своето творештво и извонредно позитивен став бил отелотворување на добриот дух на Белград. Оттука е логично и фестивалот, чија цел е да стане традиција и да им помага на новите музички сили, симболично да го носи името „Ден Д“, односно „Денот на Делча“ или „Делчин Ден“.



Врати се горе ↑