Аудио arija

19 ноември, 2012

Преземи: Арија Бенд ви ја подарува „Срце од стакло“

По успешниот настап и промоција на Скопскиот Фестивал 2012, Арија со задоволство Ви ја подарува и студиската верзија на баладата насловена како „Срце од стакло“.  Автор на истата е Бојан Ѓошевски, текстот е на Огнен Неделковски, а за прекрасниот аранжман се погрижи маестро Кире Костов.

„Поканата за учество на ваков престижен фестивал навистина претставува пред сè голема чест како и огромна одговорност истата да се оправда пред авторите, музичарите, одговорните луѓе кои што стојат позади организацијата на овој фестивал, и пред сè , пред публиката! Огромни честитки за МРТ кои што овозможија фестивалот да блесне во досега невидено светло со надеж дека ова е само еден почеток на нешто што некогаш било најголемиот настан за Скопје и Македонија од каде што потекнуваат сите евергрини кои што ги паметиме денес. Навистина бевме почестени да бидеме дел од оваа голема вечер за македонската музика, а емоциите и чувството да се биде таму не може да се опишат со зборови. Беше тоа магична ноќ.“ – изјавува Орце Димитровски, еден од членовите на бендот.

Арија – Срце од стакло ( десен клик на линкот Save Target As или Save Link As)

Во продолжение погледнете го и одличниот настап на Арија на Скопје Фест 2012.

 

Објавените материјали се во интерес на посетителите на музичкиот портал РадиоМк, одобрени за нивно превземање.  Не одговараме за нивната понатамошна дистрибуција и начин на емитување. Избраните композиции по нивното превземање се на Ваша одговорност.


Врати се горе ↑