Аудио DAD_1903

14 ноември, 2013

Преземете ја наградената „Ако ме боли“ од Димитар Андоновски

Високиот стандард на овогодишниот Скопски фестивал, кој дефинитивно го постави импресивниот настап на Димитар Андоновски, беше тешко да се следи. Реакциите од публиката и салата беа доволна потврда дека и Диме повеќе од заслужено замина награден. Текстот на „Ако ме боли“ го напиша Милан Миланов, а музиката и аранжманот пак се дело на познатиот продуцент Лазар Цветкоски, чии песни гарантирано стануваат хит. Одличниот настап и вокал на Димитар му го донесоа третото место, а македонската сцена доби балада за паметење.

Димитар Андоновски – Ако ме боли (десен клик и зачувај)

 

 



Врати се горе ↑