Македонија 11866261_168361600161787_3123344522573250465_n

28 септември, 2015

Претседателот на здружението „Шпато“ со јавен повик до колегите

ДО СИТЕ АВТОРИ!!!!!!!!!!!!!
2.10.2015 19.00 часот
ФРОСИНА МКЦ

Драги колеги, 
Се наоѓаме во уникатен момент во историјата на македонското музичко творештво. Се случува нешто кое мора да се издискутира и реагира. Јас како претсетател на здружението „Шпато“, намерно не реагирав веднаш, бидејќи чекав да видам дали некој ќе ме контактира барем малку загрижен за ситуацијата. Мислам дека вакво понизно однесување можеше да се случи само во соседна Албанија за времето на Енвер Хоџа. Не ги споредувам сегашните политичари, туку само нè споредувам нас и нашето однесување! Зарем некој не е свесен што губи или е уплашен дека може да загуби нешто повеќе. А што повеќе? Зарем поседуваме нешто повеќе од интелектуална сопственост, дека човековото постоење нема некоја повисока цел освен да биде искористен. 

Вашите деца или внуци доколку во иднина се бават со музика, утре ќе ве запрашаат, а како тоа се случило, како сте дозволиле, зарем немаше некој маж меѓу вас да пушти глас?

Закажувам средба, НА СИТЕ АВТОРИ, членови или не членови на „Шпато“, од сите жанрови, и оние кои мислат дека НЕ СЕ ДОВОЛНО БИТНИ и оние кои мислат дека се ПРЕ КУЛ (алтернатива и џез) и ПРЕБИТНИ за да се мешаат со другите. Сега не е време за двоумење!!!

Овој закон нема да помине на врховен суд, но мора рацете да ги “намачкаме со крв”!

Секако дека ќе дојдат и кртовите меѓу нас, добредојдени се, ние го бараме само она што е наше.
Што и да направиме тоа секако нема да биде пренесено преку медиумите, бидејќи ова е нивно масло, но и нивно право,…..но сепак МОЕТО/НАШЕТО право е ПРАВИЧНО!!!

2.10.2015, 19.00 часот
ФРОСИНА МКЦ

Со почит, Александар Ристовски Принц“

Здружението на автори на музички дела „Шпато“ е основано е на 15 јуни 2004 година, по иницијатива на 13 eминeнтни автори на музички дела кај нас, кои беа потикнати од состојбите и позицијата на македонската музика. Патрон на здужението е легедарниот Драган Ѓаконовски – ШПАТО, според кој задружението го носи своето скратено име.

Според Статутот, цел на здружението „Шпато“ е: „Унапредување, почитување и заштитата на правата, интересите, амбиентот, материјалната и социјална состојба и статусот на членовите во општеството; јакнење на авторската етика; стручно помагање на членовите; формирање на каталог на податоци за делата на членовите; издавање на брошури, публикации, билтени и сл.; давање помош и предлози на надлежните органи во водењето на политиката од областа на музичкото авторство; залагање за доследно спроведување и почитување на законите и на актите на здружението; соработка со сите релевантни субјекти, а особено со Министерствата и останатите организации што ги покриваат дејностите сродни на делокругот на здружението.“



Врати се горе ↑