Галерија DSC_03 final

21 декември, 2015

Претпразнично изненадување за дечињата од Детската клиника

Во духот на новогодишните празници и празнувањето, првиот центар против стареење во Македонија, „Промоиталија“ (Promoitalia), посака да ги изненади дечињата од Детската клиника во Скопје со интересен новогодишен подарок.

Имено, децата од Детската клиника во петокот се здобија со убаво украсена новогодишна елка, накитена на несекојдневен начин, токму од вработените на центарот, со безброј шарени и светкави лампиони и мечиња, кои закачени на елката предизвикаа голема радост и воодушевување.

„Секогаш децата се оние кои треба да ни бидат инспирација да се потрудиме да бидеме почовечни и похумани, не само за време на празниците, туку во текот на целата година. Тие се нашата иднина и токму нивната среќа и благосостојба треба да бидат приоритет кај секого од нас“, изјави Олгица Стојимировиќ, сопственичка на првиот центар против стареење во Македонија, „Промоиталија“.

Голема благодарност до сопственичката на центарот изрази и директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, проф. д-р Аспазија Софијанова, која како и дечињата, не ја криеше својата воодушевеност од подарокот и убавиот гест да им се разубават празниците токму на децата кои престојуваат во клиниката за време на новогодишните празници.



Врати се горе ↑