Аудио Prince-Screwdriver

24 јануари, 2013

Преслушајте ја „Screwdriver“ од Принс

По тригодишна пауза, Принс во неомври го објави неговиот нов сингл „Rock Аnd Roll Love Affair“кој во моментот не беше поврзан со најавата на новиот албум (претходниот „20Ten“, објавен е во 2010 година). Потоа, на 6-ти јануари, на сервисот Твитер се појави нов профил под името 3rd Eye Girl, од каде што стигна серија пораки поврзани со работата на познатиот музичар, а една од пораките содржела линк на до сега необјавената песна „Same Page Different Book“. Иако и сега не е јасно дали станува збор за кампања на „вирален маркетинг“ позади која стојат Принс и неговиот менаџмент или не, во секој случај, ЈуТјуб каналот 3rd Eye Girl продолжи да претставува ретки или необјавени снимки од Принс, а најновата од нив е песната „Chapter & Verse“.

Меѓутоа, најинтересното е тоа што во моментов се случува на официјалната веб страна на Принс. Иако сè уште нема најави за нов албум, познатиот музичар ја претстави новата официјална песна, нумерата „Screwdriver“, која звучи сосема поинаку од она што сме навикнале да слушаме од него, а истата можете да ја преслушате во продолжение.

 

 

И тоа не е сè! Принс и неговата продукциска куќа NPG Films претставија и трејлер за „нешто“, што веројатно претставува иден концертен филм кој го документира неговиот настап од 2009 година на Montreux Jazz Festival, а ако е тоа точно, тоа ќе биде негово прво ДВД издание од 2003 година и „Live at the Aladin“. Тоа можете да го погледнете на неговата официјална веб страна.

 Извор: spin/mtv

 



Врати се горе ↑