Аудио aaliyah

19 јануари, 2013

Преслушајте ја необјавената песна на Алија

Како што е познато, Р&Б ѕвездата Алија (Aaliyah) трагично загина во авионска несреќа на 25-ти август 2001 година. Познатата пејачка е родена во Њујорк 1979 година, а изразнала во Детроит. Нејзиниот прв албум „Age Ain’t Nothing But A Number“, кој го продуцираше Ар Кели, беше објавен во 1994 година. Потоа, во 1996 година го објавува „One In A Million“, а потоа и албумот „Aaliyah“, кој беше претставен само месец дена пред нејзината смрт и кој до сега е продаден дури во 13 милиони примероци ширум светот.

Во годините по нејзината смрт, имаше многу дебати околу користењето на музичките материјали кои останаа снимени, но никогаш не беа објавени бидејќи различни продуценти поседуваа различни снимки на постоечките и новите песни кои беа најавувани или објавувани во разни ситуации. Најнов таков случај е песната „Enough Said“, која минатата година ја објави Дрејк и чија продукција ја потпишува Ноа “40“ Шебиб, додека семејството на пејачката, предводено од нејзиниот брат Рашид, се обидувало да ја преземе легалната контрола врз нејзиното музичко наследство.

Деновиве, на 16-ти јануари, датумот на кој таа би наполнила 34 години, се појави нова песна која (веројатно) е одобрена од страна на семејството на пејачката. Во прашање е нумерата „Quit Hatin’“, во која за вокалите на Алија музика направи младиот продуцент Кори “Ноч“ Маркс, а можете да ја преслушате во продолжение.

Извор: MTV/Spin

 



Врати се горе ↑