Аудио bad_religion

18 јануари, 2013

Преслушајте го „True North“ од Бед Рилиџн

Легендарниот калифорниски панк бенд формиран во далечната 1979 година, Бед Рилиџн сега и официјално го потврдува она за што се зборуваше од 2010 година, нивниот нов шеснаесетти по ред студиски албум насловен „True North“ ќе се појави на 21-ви јануари. Бендот донесе интересна одлука и од вчера целиот албум е поставен за преслушување на сервисот ЈуТјуб, а го најави и настапот во шоуто на Џими Фелон на 30-ти јануари.

Од април, бендот го најавува и првиот дел од нивната голема овогодишна турнеја која за сега има 18 датуми во Европа, а нешто што уште повеќе ќе ги израдува фановите е изјавата на фронтменот Грег Графин, кој во интервју за магазинот Billboard потврдил дека ова не е последен албум на веќе 34 години активниот бенд, како и тоа дека воопшто не планираат да направат пауза во активностите.

Во продолжение преслушајте го албумот „True North“.

Извор:Music-news.com/Mtv

 



Врати се горе ↑