Аудио the-great-gatsby-soundtrack

18 април, 2013

Преслушајте го саундтракот за „Големиот Гетсби“

Веќе големо внимание привлекува „Големиот Гетсби“, филмот кој го отвори овогодишниот Кански фестивал, а исто толку внимание привлекува и саундтракот за ова најново филмско издание на режисерот Баз Лурман, во кое главните улоги ги играат Леонардо ДиКаприо, Тоби Мегваер и Кери Малиган. Уште на почетокот на годинава беше најавено дека музичкиот дел му беше доверен на Џеј Зи, кој на едно место ги собра најголемите музички ѕвезди.

Долгоочекуваниот филм настана врз основа на истоимениот роман од Скот Ф. Фицџералд, воедно е четврта филмска верзија на романот, а последната е снимена во 1974 година по сценариото на Френсис Форд Копола, со Роберт Редфорд и Миа Фароу во главните улоги.

Минатата недела беше објавен списокот на песни кои ќе се најдат на ова издание, а сега, од албумот најавен за 7-ми мај, стигнува и првиот „тизер“ во кој можете да ги преслушате песните кои за оваа прилика ги подготвија Флоренс & д машин, Лана Дел Реј, Џек Вајт, Сиа, Емели Санде и многу други, заедно со неколку фотографии од филмот, а во продолжение е и списокот на песни кои во целост ќе пристигнат за две недели.

 

1. Bang Bang – will.i.am (0:01)
2. A Little Party Never Killed Nobody (All We Got) – Fergie, Q Tip & GoonRock (0:31)
3. Young And Beautiful – Lana Del Rey (1:01)
4. Love Is The Drug – Bryan Ferry with The Bryan Ferry Orchestra (1:32)
5. Over The Love – Florence & The Machine (2:03)
6. Where The Wind Blows – Coco O. of Quadron (2:33)
7. Crazy in Love – Emeli Sandé and The Bryan Ferry Orchestra (3:04)
8. Together – The xx (3:34)
9. Hearts A Mess – Gotye (4:06)
10. Love Is Blindness – Jack White (4:35)
11. Into the Past – Nero (5:06)
12. Kill and Run – Sia (5:36)



Врати се горе ↑