Аудио

17 ноември, 2017

Преслушајте го празничниот албум на Сиа, „Everyday Is Christmas“

После двата најавни сингла, „Santa’s Coming For Us“ и „Snowman“, австралиската хитмејкерка Сиа денеска конечно го објави своето прво празнично издание во кариерата, па сите 10 песни од албумот насловен „Everyday Is Christmas“ или „Секој ден е Божиќ“ се веќе достапни за преслушување и на Јутјуб.

Како што е познато, популарната пејачка и овој пат ги здружи силите со долгогодишниот соработник, продуцентот Грег Крстин, кој за работата на новиот материјал рече дека „секој ден во студио го завршувале во смеа“. 

„Не знам како толку брзо смислува стихови и идеи за мелодиите… Сè уште сум нов во овие божиќни приказни, но сето тоа ме врати во времето кога експериментиравме со џез. Ќе има навистина забавни и весели празнични нумери, но и неколку типични за Сиа балади“, открил тој, а резултатот од сето тоа можете да го слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑