Аудио katy-perry-prism

18 октомври, 2013

Преслушајте го новиот албум „Prism“ на Кејти Пери

Пејачката која ќе настапи на овогодинешното доделување на Европските Музички Награди на MTV кои ќе се одржат на 10-ти ноември во Амстердам, Кејти Пери деновиве ќе го претстави својот нов студиски албум „Prism“, кој го најави со сингловите „Roar“ и „Walking On Air“. Иако закажан за 22-ри, комплетниот материјал од новото издание деновиве веќе може да се преслуша преку сервисот SoundCloud. 13-те, односно 16 за луксузното издание, вклучувајќи го и најавениот трет сингл „Unconditionally“, можете да ги преслушате во продолжение.

 



Врати се горе ↑