Аудио 10171132_10152130648783590_8148289158029727335_n

5 мај, 2014

Преслушајте го новиот албум на Марија Шерифовиќ

Познатата српска пејачка и единствена победничка на Евровизија, Марија Шерифовиќ уште минатата година најави дека работи на нов албум кој ќе го наследи нејзиното издание „Анџео“ од 2009 година. Првиот сингл од новиот петти по ред студиски албум беше темата „Ја волим свој грех“ која премиерно ја претстави на големото финале на X Factor. Албумот насловен „Храбро“ содржи 8 песни, чии автори се Марина Туцаковиќ и Саша Милошевиќ Маре, а интересно е тоа што како автор се потпишува и нејзиниот полубрат Даниел Павловиќ за композицијата „Извини се“, додека нејзиниот колега и евровизиски победник за Норвешка во 2009 година, Александар Рибак со својата виолина гостува во темата „Горка храброст“.

„Ќе останам своја и по цена да бидам ничија бидејќи срцето ми кажува како да сакам, а таа љубов како да живеам. Сакам храбро, работам храбро, верувам храбро. Грешам храбро, се каам храбро и простувам храбро. Тоа ме чини сè, но и цената ја плаќам храбро. Жива сум. Додека траам… уживајте! Албум ’Храбро’! Ваша, Марија“ – напиша пејачката на својата фан страница на Фејсбук претставувајќи го своето ново издание кое можете да го преслушате во продолжение.

 



Врати се горе ↑