Балкан 166558_10151569070885432_248034545_n

28 јануари, 2013

Преслушајте го новиот албум на Колонија

Непосредно пред крајот на минатата година, хрватскиот бенд Колонија го претстави новиот сингл „Кап твоје љубави“, со кој го најави новиот единаесетти по ред студиски албум закажан за 14-ти февруари. Интересно беше тоа што за насловот на албумот беа задолжени токму фановите на бендот, кои преку хрватскиот дневен весник Дневник гласаа од 14-те понудени песни кои ќе се најдат на албумот, а победи нумерата „Тврџава“.

За оваа 2013 година, Колонија најави нови предизвици, нови песни, нови синглови и мноштво концерти ширум Хрватска, а можеби и надвор од нејзините граници. Во продолжение накусо преслушајте го материјалот од новиот албум.

 



Врати се горе ↑