Аудио

3 јули, 2017

Преслушајте го новиот албум на Келвин Харис, „Funk Wav Bounces Vol. 1“

Шкотскиот диџеј и продуцент Келвин Харис деновиве го објави долгоочекуваниот албум „Funk Wav Bounces Vol. 1“, на кој се сместени десет песни во соработка со бројни имиња од светската сцена, како што се Фарел Вилијамс, Џон Леџенд, Аријана Гранде, Снуп Дог, Кејти Пери, Ники Минаж и други.

Како што кажува и самиот наслов, материјалот е во стилот на фанк музиката од седумдесеттите, создавајќи одлична атмосфера за жешките летни денови. Веднаш по објавувањето, песните беа поставени и на официјалниот канал на Јутјуб, а сето тоа пригодно собрано во плеј-листа Ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑